Поранешниот министер за правда го подбра Ахмети: Дали го пријави Груби во антикорупциска?

t

Поранешниот министер за правда, Михајло Маневски, на социјалната мрежа Фејсбук даде свој коментар за изјавата на Али Ахмети дека во ДУИ нема никаков криминал.

Ова е неговиот став:


“ТАКА Е АЛИ, НЕМА НИКАКОВ КРИМИНАЛ ОД ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА ДУИ! ТИЕ СЕ ЧИСТИ КАКО СОЛЗА!?

Можеш ли да го прашаш АРТАН ГРУБИ како за 2 дена го опреми Министерството за политички систем со првоклален мебел – стил “честерфилд”, со 2 масивни кожени ганитури, црна и црвана, биро од масивно дрво, маси и столови, масички, завеси и драпери, повеќе многу големи слики, конференциска маса и столови, каде ти го славеа родениот ден.

Колку пари лични средства потроши Груби,да го опреми објектот на министерството?
АРТАН ГРУБИ признава дека сето тоа го “направил со лични средства”.

Државата преку СЗО не го опремила министерството.

Тоа од лични средства направил Артан Груби!

Тоа се повеќе десетици илјади евра лични средства!?.

Го пријави ли тоа Груби во Антикорупциска?

Од каде го набави тој мебел и сета таа опрема, ја плати ли и колку лични срередства платил?

Од кога во Македонија министрите сами од лични средства ги опремуваат министерствата?

Еве ти Али само еден пример, провери го?
За другото треба многу, многу простор.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маневски бара нови избори веднаш: Ова што…

TИЕ ШТО НА ДИМИТРОВ МУ СТАВИЈА ЛОВОРОВ…

Ахмети повторно најавува решавање на спopoт со…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш…

Михајло Маневски го наречеч Маричиќ cлeпец: Треба…

Денови подоцна се уште не стивнуваат реакциите…