Објавено на:

Портокалов аларм за високи температури, следуваат пеколни два дена

t

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево активираше жолт и портокалов степен на алармирање за територијата на целата држава поради значителното покачување на температурите што се очекува во следните два дена.

Според официјалните метеоролошки карти, топлотниот бран ќе го достигне својот максимум на крајот на јуни, кога во повеќе градови низ земјава се очекуваат исклучително високи температури.

„МЕТЕОАЛАРМ: Метеоаларм за високи температури за ден 29 и 30.06.2026!“, соопштија од УХМР.

Алармот се однесува за понеделник и вторник, кога термометрите ќе покажуваат вредности значително над просекот за овој период1 од годината. Надлежните препорачуваат граѓаните да избегнуваат подолг престој на отворено во најтоплиот дел од денот, да внесуваат повеќе течности и особено да внимаваат на здравјето на децата, повозрасните лица и хронично болните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…

Во изминатото деноноќие, на територија на целата…

Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…

Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…

(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…

Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…

Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…

Бројот на загинати во вооружениот напад што…

Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на…

Четири борби, четири победи и ниту една…