Последната средба на историската комисија го оладила ентузијазмот, Османи и понатаму оптимист

t

Копретседателот на Комисијата до бугарската страна, Ангел Димитров за БНТ вели дека за жал, нема голем напредок од средбата на заедничката македонско-бугарска историска комисија и според него, последната средба го оладила донекаде ентузијазмот.

Димитров рече дека нивната прва средба била во Софија годинава и се совпаднала со првите два дена од руската агресија врз Украина, не било јасно што постигнале, но не било толку импресивно, тоа бил заеднички став до кој дошле по неколку мачни години, во една препорака како да се отслика времето на цар Самоил и неговата земја во македонските учебници.


-Акцентот е на тоа дека тие треба да се усогласат со доминантниот став во светското средновековие, што се совпаѓа со нашето бугарско толкување на овој историски период. Сепак, тоа не значи ништо. Ова е само предлог до Владата, а кога ќе се спроведе , никој не може да каже, вели Димитров за БНТ.

-Првиот ден од средбата постигнавме согласност за богомилството, кое што и не е толку голем проблем од аспект на разликите меѓу двете држави. Но, на вториот ден кога требаше да разговараме за суштинската тема-важното прашање за Охридската архиепископија се вративме на зацврстување на позицијата од страна нашите колеги.

За Охридската архиепископија, како и за крајот на првото бугарско кралство и цар Самоил има доволно документи. За Охридската архиепископија има исклучително важни документи кои објаснуваат како и зошто треба да се организира оваа црковна институција. И тука почна враќањето кон една, не особено добра практика од страна на нашите колеги, рече Димитров.

Тој додаде и дека од бугарска страна нема никаков политички притисок врз комисијата.

-Кога се распадна комунистичкиот систем, ослободената енергија не беше насочена само кон иднината, туку во извесна смисла и кон минатото, за да се утврди оваа прекината врска помеѓу оваа интерпретација, идеолошки насочена интерпретација од комунистичкиот режим, истакна тој.

Според него, Република Северна Македонија е типичен пример дека таму сè уште не се случила таа критичка анализа на врската меѓу историјата и политиката.

-Доволно е да се потсетиме дека кога таму беше воспоставена комунистичката власт, немаше професионални историчари, немаше историска наука. Тогаш е создадена една историска рамка на која се работи, но не се излегува од политичката рамка. Ова е исклучително важно прашање затоа што во другите демократски држави од источниот блок сето ова се случи. Во демократските општества, историчарите можат да им се спротивстават на политичарите и можат да бидат независни и да работат критички, додаде Димитров.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пак, ја оцени последната средба на Комисијата во Скопје како позитивна, заклучи дека се потребни почести средби на македонско-бугарската Комисија и оти во моментов не постои сомнеж кон нејзините членови дека ќе прават компромиси што се надвор од нивните убедувања.

– Македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања е важен елемент во процесот на преговори, бидејќи нејзината задача е да ја задржи дебатата по историски прашања, со цел политичарите, граѓаните и општествата не се занимаваат со тие прашања, истакна вчера Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Трогателно: Игор Ангелов се сретна со…

Горан Ангелов – Ќосето, кој е еден…

(Видео) Хаос на улиците во Виена откако…

На социјалните мрежи се појави видео од…

Почина поранешниот албански претседател Бујар Нишани

На 56- годишна возраст почина поранешниот албански…

Кина подготвува “руско сценарио” : Се спремаат…

"Руско сценарио“: Кина се подготвува за најлошото.…

РПЦ: Му благодариме на Бога што ја…

Светиот синод на Руската православна црква го…