После Русија, Македонија ги санкционираше и Иран и Мјанмар

Македонија, и Србија, Црна Гора, Албанија, БиХ, како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка се приклучиле на одлуките на Европскиот совет од 21 февруари, со кои се санкционираат уште 22 лица и четири ентитети од Мјанмар. Кон санкциите се приклучиле и Украина, Молдавија и Ерменија, обвавено е на веб-сајтот на Европската Унија.
На одлуките на Европскиот совет од 11 април, кои се проширени и за 12 месеци продолжени рестриктивните мерки против поединци и субјекти во однос на ситуацијата во Иран, се приклучија и Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина.
Во однос на рестриктивните мерки наметнати од ЕУ за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, на одлуката на Европскиот совет од 21 април, со која се додадени две лица на списокот со санкции, се приклучија и Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и БиХ, како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шојгу: Односите помеѓу Иран и Русија достигнаа…
Односите помеѓу Иран и Русија достигнаа највисоко…
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во…
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска…
Руските олигарси вратија 50 милијарди долари назад…
Руските тајкуни повлекле имот од Европа во…
САД со најнова рунда санкции кон Иран
Повеќе од 20 лица и институции од…
Компании од Италија: Сакаме да се вратиме…
Извозот во санкционираната Русија падна за 35%…