Потребен е нов модел за изградба на патишта, постоечкиот дава резултати, кажа Бочварски

t

Моделот што моментно се применува при изградба на патиштата не ги дава посакуваните резултати и ги пролонгира финалните рокови, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој се обрати на вториот ден од Првата конференција за патна инфраструктура што се оддржува во Охрид.

На панел-дискусијата насловена како „Нов концепт за ефикасно градежништво“ освен министерот Бочварски се обратија и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, Џош Бејкер, претставник на компанијата Бехтел, Џанберк Атила, претставник на компанијата Енка и Михо Јаневски, заменик претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора.

Бочварски, како што соопштија од Министерството за транспорт и врски, ги потенцираше придобивките од воведувањето на новиот концепт на изградба на инфраструктурата на Коридорите 8 и 10-Д и истакна дека потребата од нов модел е одговор за развој на градежниот сектор, инфраструктурата и севкупно економскиот развој на државата.

-Со новиот концепт за изградба воведуваме паралелно проектирање и градење, каде заштедуваме доста време, наместо како што беше претходно, за да дојдеме до изградба, мораше да имаме проектирано 100 проценти од трасата. Наша цел е забрзување на изградбата на капиталните проекти, но тоа не значи дека нема да бидат квалитетни, напротив, контролните механизми на државата остануваат, тука највеќе се концентрираме на кратење на административните пречки. Ги забрзуваме процедурите, тоа е најважно, зошто видовме до сега како се одвива реализацијата на огромните капитални проекти. Убеден сум дека новиот концепт ќе го даде резултатот, проектите ќе се градат побрзо и граѓаните нема да ги трпат нервозите од задоцнување на изградбата. Овој модел ќе важи за сите државни патишта од национален интерес, не само за автопатите што ќе ги градат Бехтел и Енка, исто така за изградба на железници, гасоводи, ова е нешто кое државата го става на посебна лента од останатите помали проекти – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, се осврна на предизвиците со кои Јавното претпријатие се соочува при изградбата на патната инфраструктура во државата, истакнувајќи дека ова е моментот да се смени концептот на изградба за да може патиштата да се градат побрзо и поефикасно.

– Откако ја преземав функцијата директор на Јавното претпријатие оддржав многу состаноци со цел да се запознаам подетално со проектите и дојдов до еден заклучок, дека кај сите проекти ни се провлекуваат истите проблеми и затоа имаме застој на нивната реализација. Со министерот Бочварски и со професорите од Градежниот факултет сме разговарале многу пати како да ги надминеме тие предизвици. И затоа ме радува што сме сите тука заедно на оваа Конференција за да може да разговараме за ова. Ако не се реализира навремено одреден проект, ние како ЈП за државни патишта, Министерство за транспорт и врски и Владата, имаме дополнителни финасиски импликации. И тоа не можевме веќе да го дозволиме и моравме тоа да го решиме. За таа цел одлучивме да пристапиме кон овој нов концепт за изградба на инфраструктурата и сметам дека го направивме вистинскиот чекор. Само за споредба, според статистиката, до сега сме граделе 5,8 километри автопат годишно, а новиот концепт ни дава можност да градиме над 20 километри автопати годишно – изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Во соопштението се посочува дека на панел дискусијата свои видувања за новиот пристап во градењето даде и Михо Јаневски, заменик претседателот на Здружението за градежништво, индустрија на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Туристка воодушевено зборува за Охрид: „Зошто никој…

„Зошто никој не зборува за ова место?“…

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…

Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…

Ангелов: Излизганите камиони беа пречка за побрзо…

За само еден ден центарот за управуање…

Укината забраната за камиони на патот Маврово…

Укината е забраната за тешки товарни возила…

Укинати забраните за движење на камиони на…

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива…