По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка од Тошковски и разрешување на цело СВР Велес

t

По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес.

Во продолжение целосната прес-конференција на СДСМ.

– По трагедија во Велес која можеш да биде спречена, овде, пред Министерството за внатрешни работи бараме итно разрешување на цело СВР Велес и одговороност од Панче Тошковски.

Осуда и одговорност за овој случај не се прашања на политика туку на човечки и етички норми.

Жената повеќепати барала заштита, пријавувала закани, насилство, кражби, според некои медиуми над 70 пати. Полицијата знаела, социјалните служби знаеле, институциите не мрднале со прст.

Страшно и болно истовремено.

Институциите не успеаја да заштитат живот на една жена и на еден човек. Само поради нивното молчење и непреземање ништо има два згаснати животи.

Ова е порака до сите нас дека системот потфрли. А кога системот не ги штити жените тогаш мора да има одговорност и тој систем мора да се промени од корен.

Жените во Македонија не смеат да живеат во страв живеат во страв за својот живот, и својата безбедност сам затоа што нивните пријави ќе завршат во некоја фиока.

Ние денес сме тука да кажеме: доста е!

Уште колку човечки животи треба да згаснат за Тошковски да понесе одговорност? – велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…