Објавено на:

Православната црква во Мерсин ги отвори вратите за преживеаните од земјотресот

t

Православната црква во турскиот град Мерсин, ги отвори вратите за преживеаните жртви од земјотресот на југот на Турција, обезбедувајќи им сместување и храна, јави Анадолија.

По една недела откако силниот земјотрес, со епицентар во турскиот град Кахраманмарас, ја опустоши јужна Турција и северните делови на Сирија, се уште се трага по преживеаните, а хуманитарните и други организации се обидуваат на секој начин да им помогнат на оние кои успеаја да ја преживеат невидената катастрофа.

Хуман гест дојде од црквата во Мерсин, која припаѓа на Грчката православна црква. Оваа црква ги отвори вратите за луѓето погодени од земјотресот и им излезе во пресрет на потребите за сместување и храна.

Црквата ги повика сите свои членови да им помогнат на настраданите по разорниот земјотрес што погоди 10 градови во Турција.

Во рамките на преземените активности, во внатрешноста на црквата беше направен дом, а беа собрани основните потреби како храна, облека и средства за чистење.

Црквата, под координација на Канцеларијата на гувернерот на Мерсин, испраќа и жртви од земјотресот во нивните домови и пансиони.

Свештеникот Чоскун Тејмур за Анадолија дека ги отвориле вратите за сите и ги мобилизирале сите нивни ресурси, како и дека црквата обезбедува три оброци на ден.

Тејмур изјави дека жртвите од земјотресот биле сместени во црквата два-три дена, а потоа биле испратени во домовите на членовите на заедницата на места кои за таа цел ги доделиле институции и организации.

Иса Синемли, 22-годишен преживеан од земјотресот од областа Самандаг во Хатај, ѝ се заблагодари на црквата за поддршката во овие тешки моменти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млад скопјанец пронајден починат во стан

– На 23.06.2025 во 21.25 часот во…

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…

Нетанјаху му вети на Трамп дека ќе…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го информираше американскиот…

Иранскиот претседател вели дека ќе го почитува…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вели дека ќе…

Бугарското МНР: „Вековен македонски идентитет“ ги повредува…

„Бугарија останува посветена на сите елементи од…