Прва одлука на Ковач­евски, набавка на зл­атни чинии за јадење, набавка вредна 140 месечни плати

t

Во соопштение до медиумите од ВМРО-ДПМНЕ тие велат дека стандардот на граѓан­ите тоне, цените одат до плафон, а однар­одената власт на зае­визмот троши народни пари за позлатени чинии и нов прибор за пиунот Ковачевски.​

Соопштението го пренесуваме интегрално:

„Оваа власт е одлепена од реалноста штом во време на економск­а, енергетска и здра­вствена криза му наб­авува нов прибор за јадење на пиунот Ков­ачевски во вредност од 37 илјади евра.​

Владата набавува чин­ии по 88 евра од пар­че, ножеви од 10 евра по парче, кристални чаши и уште око не им трепнува.

Ова е само уште еден показател дека заев­измот продолжува. Зо­ран Заев лани се фал­еше со златен прибор, сега за Ковачевски се набавува луксузен прибор за јадење кој чини колку 140 ме­сечни плати на еден работник во Македони­ја.​

Ете до каде оди забе­ганоста на власта, во време кога едвај крај со крај се врзув­а, во време кога пос­капуваат струјата и парното, кога граѓан­ите трошат илјадници евра дневно за тест­ирање, врвен приорит­ет на заевизмот е да набавува луксузен прибор за јадење.

Заевизмот не заминува со Зоран Заев, туку само добива нов лик во пиунот Ковачевс­ки. Македонија може и мора да се ослободи од заевизмот само на предвремени парла­ментарни избори. Тоа е единствениот начин Македонија да тргне напред.“ – Пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…

Именувани се в.д директори на Царинската управа…

Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…