Прва одлука на Ковачевски, набавка на златни чинии за јадење, набавка вредна 140 месечни плати
Во соопштение до медиумите од ВМРО-ДПМНЕ тие велат дека стандардот на граѓаните тоне, цените одат до плафон, а однародената власт на заевизмот троши народни пари за позлатени чинии и нов прибор за пиунот Ковачевски.
Соопштението го пренесуваме интегрално:
„Оваа власт е одлепена од реалноста штом во време на економска, енергетска и здравствена криза му набавува нов прибор за јадење на пиунот Ковачевски во вредност од 37 илјади евра.
Владата набавува чинии по 88 евра од парче, ножеви од 10 евра по парче, кристални чаши и уште око не им трепнува.
Ова е само уште еден показател дека заевизмот продолжува. Зоран Заев лани се фалеше со златен прибор, сега за Ковачевски се набавува луксузен прибор за јадење кој чини колку 140 месечни плати на еден работник во Македонија.
Ете до каде оди забеганоста на власта, во време кога едвај крај со крај се врзува, во време кога поскапуваат струјата и парното, кога граѓаните трошат илјадници евра дневно за тестирање, врвен приоритет на заевизмот е да набавува луксузен прибор за јадење.
Заевизмот не заминува со Зоран Заев, туку само добива нов лик во пиунот Ковачевски. Македонија може и мора да се ослободи од заевизмот само на предвремени парламентарни избори. Тоа е единствениот начин Македонија да тргне напред.“ – Пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…
„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…
ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните…
Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО…
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…
Економските резултати се мерат со бројки, а…