Прв случај на опасниот вирус забележан во Африка по неколку години

Првиот случај на детска парализа (полио) на континентот по неколку години е забележан во африканската држава Малави.
Вирусот на детска парализа е откриен кај дете во градот Лилонгве, соопшти денеска Светската здравствена организација.
Лабораториските тестови покажале дека тој е очигледно донесен од Пакистан, се наведува во соопштението.
„Додека дивата детска парализа постои каде било во светот, сите земји остануваат во опасност од увоз на вирусот“, рече регионалниот директор на СЗО, Матшидисо Моети.
Организацијата ќе ги поддржи локалните здравствени власти во оваа југоисточна африканска земја за да се погрижат случајот да остане изолиран и да не се шири, рече таа, пренесува Радио Слободна Европа.
Полио е заразна болест и може да предизвика парализа и смрт.
Освен Авганистан и Пакистан, сите земји во светот ги победија дивите полио вируси со вакцинација.
Во Африка последен случај е регистриран во Нигерија во 2016 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…
Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…
Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…
КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…
Професорот Трајковски: Владата премолчува колку скапо ќе…
Проф. д-р Дејан Трајковски, со објава на…