Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија
Во Македонија денеска ќе се одржи спортско-авантуристичкиот предизвик „24h Адреналин“, во рамки на кој двајца учесници ќе се обидат во рок од 24 часа да поврзат девет различни активности низ воздух, земја и вода, соопштија организаторите.
Според најавата, предизвикот ќе почне со изгрејсонце на аеродромот Стенковец, а ќе заврши доцна навечер на брегот на Охридското Езеро. Во текот на еден ден учесниците ќе поминат стотици километри низ државата, комбинирајќи различни начини на движење и совладувајќи активности што бараат физичка подготвеност, концентрација и издржливост.
Во рамки на „24h Адреналин“ предвидени се лет со спортски авион, падобрански скок, параглајдерски лет, мото-тура низ Галичица, искачување на „Виа Ферата“, МТБ даунхил спуст, нуркање, кајак и „стенд ап падл“ (SUP).
Организаторите посочуваат дека главната цел на проектот не е поставување рекорд, туку промоција на авантуристичкиот туризам, спортовите на отворено и природните потенцијали што ги нуди Македонија.
Проектот е инициран од Јане Стефанов и Љубомир Нетков, долгогодишни инструктори и ентузијасти во повеќе адреналински дисциплини.
Во неговата реализација се вклучени и локални експерти, пилоти, инструктори, нуркачи, велосипедисти, медицински лица и логистички тимови кои ќе ги придружуваат учесниците во различните етапи од предизвикот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот,…
Во Македонија денеска ќе се одржи спортско-авантуристичкиот…
Грчките граници утре ќе бидат затворени четири…
Цариниците во Грција утре ќе одржат штрајк,…
ВМРО-ДПМНЕ: „СДС му излегува во пресрет на…
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја обвини СДС дека…
На ГП „Богородица“ се чека околу 30…
На ГП „Богородица“ се чека околу 30…
Бегалец од прилепскиот затвор уапсен по кражба…
Полициски службеници од СВР Битола привеле две…