Објавено на:

Бегалец од прилепскиот затвор уапсен по кражба на 30 штеки цигари во Битола

t

Полициски службеници од СВР Битола привеле две лица осомничени за тешка кражба во маркет, при што било откриено дека едниот од нив се барал со потерница поради бегство од Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 24 јули биле лишени од слобода 35-годишниот Ѓ.З. и 29-годишниот А.Ј., двајцата од Битола, поради сомнение дека истиот ден извршиле тешка кражба во маркет на улицата „Север-југ“.

При претрес во објектот што го користеле осомничените, полицијата пронашла околу 30 штеки цигари за кои постои сомнение дека биле одземени од маркетот. Пронајдените предмети му биле вратени на сопственикот.

При дополнителните проверки било утврдено дека Ѓ.З. бил баран со потерница поради бегство од прилепскиот затвор, каде што издржувал казна затвор во траење од осум месеци.

По приведувањето, тој бил спроведен назад во Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот против двајцата осомничени ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Согласно принципот на презумпција на невиност, осомничените се сметаат за невини сè додека нивната евентуална вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…