ВМРО-ДПМНЕ: „СДС му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани кој е таму благодарение на нив“
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја обвини СДС дека ја користи кризата во Гостивар за политички поени, наместо да побара одговорност од градоначалникот Валбон Лимани.
Од партијата велат дека Лимани не чувствува одговорност за состојбата со водоснабдувањето и здравствената криза во градот, а според нив, СДС избегнува да го посочи како одговорен затоа што, како што тврдат, е кадар поддржан од ДУИ и Арбен Таравари.
„СДС е подготвен да измисли сè и сешто, освен да го направи вистинскиот чекор и да побара одговорност од градоначалникот на Гостивар“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија наведуваат дека државните институции преземаат мерки за справување со состојбата и посочуваат дека секојдневно се доставуваат 60 тони вода преку Службата за општи и заеднички работи (СОЗР). Дополнително, информираат дека има приведени лица и дека се обезбедуваат докази кои ќе бидат доставени до Обвинителството.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДС, ДУИ и Таравари дејствуваат како коалиција во опозиција и, според нив, ја користат актуелната состојба за ширење паника меѓу граѓаните и за собирање политички поени. Според партијата, локалната власт во Гостивар е одговорна за кризата, а опозицијата намерно ја избегнува таа тема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…