Пресврт на судењето за Ѓоко Ристов: Стафа тврди дека признал само за поблага казна

t

Нов пресврт на судењето против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов донесе сведочењето на Фехми Стафа, кој пред судот категорично негираше дека му дал пари на Ристов и тврдеше дека претходно признал вина за да добие поблага казна и да излезе од притвор.

Стафа, кој издржува затворска казна од 15 месеци за примање награда за противзаконито влијание, на рочиштето бил спроведен од затворот „Шутка“.

„Во ниту еден предмет не сум му дал пари на Ѓоко. Го признав делото затоа што ја одбрав најблагата казна. Не сакав и мене да ми се случи тоа што му се случи на Ѓоко Ристов“, изјави Стафа пред судот.

Тој тврдеше дека признанието го дал под притисок и страв, како и дека по апсењето поднел претставка до внатрешната контрола поради односот кон него. Стафа изнесе и тврдење дека обвинителката Искра Хаџи Василева му сугерирала да каже дека 20.000 евра биле наменети за Ристов. Станува збор за тврдење на сведокот изнесено во судница, кое обвинителството го оспорува.

Во однос на други 30.000 евра, Стафа изјави дека станувало збор за заем од сестрата на Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот, а не за пари наменети за поткуп. Тој пред судот тврдеше дека за заемот постои и писмен доказ.

Стафа ја оспори и тезата дека требало да влијае врз одлуката за притвор на Пецов, посочувајќи дека жалбата за притвор веќе била одбиена пред неговото апсење.

„Јас признанието свесно го направив и од две штети ја избрав најблагата, бидејќи немав друг избор. Нелогични се обвинувањата затоа што жалбата за притворот на Пецов ми беше одбиена 11 дена пред да бидам лишен од слобода дека наводно сум примил награда за да влијаам врз судијата“, сведочеше Стафа.

За снимките на кои се гледа како влегува во канцеларијата на Ристов, Стафа тврдеше дека средбите биле поврзани со правни консултации и дека со Ристов се гледал поретко отколку со други судии.

При вкрстеното испрашување, обвинителката Хаџи Василева го соочи Стафа со неговото претходно признание и со фактот дека свесно побарал спогодба со Обвинителството. Таа посочи дека Стафа не бил осуден за давање поткуп на Ристов, туку за примање награда со намера да оствари противзаконито влијание.

По рочиштето, обвинителката оцени дека Судот ќе треба да го цени кредибилитетот на новиот исказ на Стафа, имајќи предвид дека тој веќе е правосилно осуден во постапка поврзана со предметот.

Одбраната на Ристов, пак, оцени дека сведочењето отвора нови прашања околу доказите и начинот на кој била водена постапката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Зеленски предупреди на можен масовен руски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Киев…

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Случајот се…

Обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола…

Француските ученици остануваат на улиците се додека…

Нов бран ученички протести ја зафати Франција,…

ВЛЕН: Првата градинка во Теарце ги отвори…

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Во Теарце,…

Пресврт на судењето за Ѓоко Ристов: Стафа…

Нов пресврт на судењето против поранешниот апелациски…