Приведени македонски државјани во Хрватска кои лепеле налепници на кирилица
Тројца државјани на Македонија се осомничени за кривично дело оштетување на туѓ и јавен имот, кое е извршено минатата недела во областа Цавтат, соопшти хрватската полиција.
По претходно добиени пријави, службениците на граничната полициска станица Груда утврдиле дека во областа Цавтат сообраќајни знаци, патокази, корпи за отпадоци и информативна табла биле залепени со различни налепници со содржина на кирилица, до степен до кој ја изгубиле својата наменa, објавува „N1“.
Истиот ден кога тамошната полиција ја примила пријавата, биле пронајдени двајца македонски државјани, додека третиот осомничен бил пронајден следниот ден, односно во сабота, 30 мај, на аеродромот.
Станува збор за млади мажи на возраст од 23, 25 и 26 години кои имаат дозвола за престој во Хрватска. Тие биле однесени во полициските простории за кривична обработка, по што, заедно со кривичната пријава за гореспоменатото кривично дело, биле предадени на единицата за притвор на Полициската управа Дубровник-Неретва, додаваат од „N1“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…
ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…
Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…
Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…
Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…
Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…