Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина

t

Мал авион денеска претпладне се урна во близина на местото Роковци кај Винковци, Хрватска. Несреќата се случила околу 10:05 часот, потврди полицијата за хрватскиот портал „Индекс“.

Од полицијата информираат дека пилотот бил пронајден во тешка состојба и, и покрај обидите за реанимација, починал.

На местото на несреќата биле упатени сите надлежни итни служби, а кон местото на падот бил испратен и хеликоптер на итната медицинска помош.

Засега нема дополнителни информации за причините за падот. Надлежните служби работат на утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Словенија задолжителен божиќен бонус од најмалку…

Вработените во Словенија годинава ќе добијат задолжителен…

Под притисок на Хрватска, Црна Гора ќе…

Министерството за спорт и млади на Црна…

Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7…

Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле…

Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина

Мал авион денеска претпладне се урна во…

Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…

Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…