Приведен уште еден од пукачите кај Мавровка

t

Вчера од страна на Единица за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје лишен е од слобода Р.А. (29) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 06.07.2022 околу 19.30 часот на бул. Гоце Делчев во Скопје поточно на плоштад Скендербег, испукал со пиштол.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал извршен е претрес во неговиот дом, пиштолот е одземен, а во координација со Јавен обвинител против Р.А. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност” предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик.

Денеска лицето е изведено пред Судија на претходна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во село Горна Матка, повреден жител…

МВР соопшти дека во текот на вчерашниот…

СДСМ: Пукачите со огнено оружје среде Скопје…

Продолжуваат обвинувањата од СДСМ кон полицијата во…

ОЈО истражува можна вмешаност на уште едно…

Основното јавно обвинителство Скопје е известено од…

Петровска: Дали МВР не ги соопштува иницијалите…

Пратеничката од СДСМ и поранешната министерка за…