Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин, го погодил во пределот на увото
Жител на скопското село Шишево е приведен откако, според пријава до полицијата, пукал со пиштол кон сограѓанин и му нанел повреда во пределот на увото.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода Г.А. (43) од село Шишево.
„Денеска (06.06.2026) полициски службеници од ПС Ѓорче Петров го лишија од слобода Г.А. (43) од с. Шишево, скопско, постапувајќи по пријава околу 16:10 часот од И.Ш. од с. Шишево, дека Г.А. пукал со пиштол кон него на влезот во с. Шишево и му нанел повреда во пределот на увото“, соопштија од МВР за Скопје1.
Според пријавеното, И.Ш. бил пресретнат од Г.А. и С.А., двајцата од истото село, по што Г.А. извадил пиштол и испукал кон него.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
„По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, наведуваат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…