Притвор за Мацура и вработени во Алта банка Србија

t

Вишиот суд во Белград им одреди притвор до 30 дена на одговорното лице во Алта банка, Давор Мацура, осомничено дека од трезорот на банката, со помош на уште двајца уапсени, изнело повеќе од 45 милијарди динари.

Притвор им е одреден и на директорот на Одделението за трезорско работење и управување со готовина во Алта банка, Г. М., како и на соработникот за трезорско работење во банката, И. П., соопшти денеска судот.

На сите тројца притворот им е одреден поради опасност да влијаат врз сведоците и да го повторат кривичното дело во краток временски период. На Д. М. притвор му е одреден и поради опасност од бегство.

Д. М. е осомничен за кривично дело злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека другите двајца се сомничат дека му помогнале во извршувањето на истото кривично дело.

Според претходното соопштение на обвинителството, постои сомнение дека Д. М. во периодот до 31 октомври ја злоупотребил својата службена положба и ги пречекорил овластувањата. Во тоа, како што се сомнева, му помогнале Г. М. и И. П., кои биле задолжени за непосредно ракување со вредностите во трезорот на Алта банка.

Тие, според сомнежите на обвинителството, му ги предавале картичките за влез во трезорот или, со користење на сопствените картички и со своето присуство, му овозможувале неовластен пристап до трезорот „Депо“.

На тој начин Д. М., како што се сомнева, изнесувал пари од трезорот и стекнал противправна имотна корист во износ од околу 45 милијарди динари.

По налог на обвинителството, на 31 октомври и 1 ноември биле извршени претреси во просториите на Алта банка, како и во станбениот простор на осомничениот Д. М. Во просториите на банката бил извршен и попис на готовината во трезорот, се наведува во претходното соопштение на обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за Мацура и вработени во Алта…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…

СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…

Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Газдата на „Алта банка“ е приведен во…

Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…