ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО СРБИЈА: Началниците на УКП и Службата за сузбивање криминал осомничени за злоупотреба на службената положба

t

Вишиот суд во Белград им одреди притвор до 30 дена на началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП), Марко Кричак, и на началникот на Службата за сузбивање криминал, Бошко Секуловиќ, осомничени за злоупотреба на службената положба во врска со случајот со убиството во ресторанот „27“.

Притворот им е одреден поради постоење посебни околности кои укажуваат дека, доколку се бранат од слобода, би можеле да ја попречуваат истрагата преку влијание врз сведоци, соопшти Вишиот суд во Белград.

Претходно, двајцата биле сослушани во Вишото јавно обвинителство во Белград, кое побарало да им биде одредена мерка притвор.

Против решението на судот е дозволена жалба до кривичниот совет на Вишиот суд во Белград, надлежен за постапките за сузбивање корупција.

Од обвинителството претходно соопштија дека Марко Кричак и Бошко Секуловиќ биле уапсени на 1 ноември, поради сомнение дека во периодот од 12 мај до 3 јуни годинава, како службени лица во Министерството за внатрешни работи на Србија, со пречекорување и злоупотреба на службените овластувања, како и со неизвршување на службените должности, му нанеле штета и сериозно ги повредиле правата на оштетениот В. М., поранешен началник на белградската полициска управа.

Станува збор за нивното постапување во врска со истрагата за кривичното дело тешко убиство, извршено на 12 мај годинава во ресторанот „27“, при што жртва бил А. Н.

Дополнително, постои сомнение дека Кричак на 16 мај, заедно со други засега неидентификувани полициски службеници, во просториите на Управата за криминалистичка полиција (УКП) го злоставувал и мачел оштетениот Н. Л.

Со кривичната пријава, на началникот на УКП му се ставаат на товар кривичните дела злоупотреба на службената положба и злоставување и мачење, додека на началникот на Службата за сузбивање криминал му се става на товар кривично дело злоупотреба на службената положба.

Постапката е во тек, а наводите за кривичните дела претставуваат сомневања кои треба да бидат предмет на судско утврдување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Газдата на „Алта банка“ е приведен во…

Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…

Уште еден висок полициски функционер во Србија…

Шефот на Службата за борба против организиран…

Коруптивно-криминалниот систем во Србија ќе се урне…

Дејан Шошкиќ, кандидат за пратеник од Студентската…

Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…

Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…