Прнеџов: Имаме двоцифрена инфлација, власта не’ игнорира – Граѓаните плаќаат

t

Имаме ретка прилика да може да видиме во Собрание и министер и заменик министер за финансии, наместо еден од двајцата да работи на нови мерки, ние денес имаме во Собранието двајца претставници еден од СДСМ еден од ДУИ, но граѓаните ја плаќаат таа неодговорност, бидејќи 12 денови во Собрание стојат овие и подобри закони, 12 денови граѓаните жплаќаат повеќе за бензин и дизел, а парите одат кај владата наместо кај граѓаните, изјави пратеникот Љупчо Пренџов на денешната собраниска седница на која се гласаат антикризните мерки.

Пренџов истакна дека опозицијата многу порано апелираше но власта проблемите ги ставаше под тепих.


– Имаме инфлација од 8%, а од овој месец двоцифрена, самата Народна банка вели дека до 7,6% само 3,7 се од странската криза. Алармираме, но сме игнорирани и граѓаните беа игнорирани, а кога дојде нож до коска истите мерки малку полоши ни ги носите во 5 до 12 да ги гласаме, а веќе 12 ден требаше де се користат мерките. Има проблем во транспорт, автомобилска индустрија, кој ќе ги плати стоките, што ќе се прави ако во источна Македонија пола бензиски пумпи затворат, дали има власта план за основните намирници за живот, дали е коректно да кажете дека министерот ќе одлучи кои се намирниците, граѓаните треба да знаат, или како може замрзнатите цени да важат додека каже министерот, изјави Пренџов.

Тој прашува дали некој овде некој излезе и кажа од што владата ќе се откаже, дали има намера да се откаже од договорни услуги, дали има намера да се откаже од партиски вработувања, од купување на пасати од Куманово?

– Што ќе правиме утре, утре повторно ќе има редици на бензиски, по маркети, дали имаме стратегија? Дали мисли власта на инфлацијата, дали има план власта за приватниот сектор да преживеат од први до први? Дали има власта намера да ги качи пензиите за 20% или знае како живеат? Дали имате план дека дел од стоковите резерви на нафта и нафтени деривати треба да се пуштат во промет и да се намали цената, колку ги имаме дали знаеме? Не се знае кога мерките ќе почнат, туку се зависи од волјата на владата и на министерот, истакна Пренџов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија со највисока инфлација во последните 40…

Стапката на инфлација во Велика Британија, во…

Не запира: ЕУ во април имала инфлација…

Потрошувачките цени во Европската унија во април…

Катастрофа: Инфлацијата во Австрија највисока во последните…

Инфлацијата во Австрија скокна на највисоко ниво…

Деспотовски: Добро е што инфлацијата нема да…

Скоро имаше податок за годишна инфлација од…

Ковачевски: Успешно се справуваме со увезената инфлација…

Премиерот Ковачевски посочи на фактот дека инфлаторните…