(Видео) Трамп: Ја сакам инфлацијата
Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил „Јa сакам инфлацијата“ („I love the inflation“) откако бил објавен нов извештај дека годишната инфлација во САД достигнала 4,2% во мај, што е највисоко ниво во последните три години, објави Euronews.
Трамп бил прашан дали е загрижен поради новите инфлациски податоци, на што одговорил дека не е загрижен и дека бројките се добри. Тој тврдел дека поскапувањата се поврзани со војната со Иран и со случувањата на нафтениот пазар, но изразил уверување дека инфлацијата ќе се намали кога конфликтот ќе заврши.
Во своите објаснувања, Трамп рекол дека американските активности поврзани со снабдувањето со нафта помогнале цената на нафтата да не биде уште повисока. Белата куќа подоцна соопштила дека претседателот сакал да укаже дека одредени производи и услуги бележат пониски цени и дека сегашната инфлација е пониска од историските врвови забележани во претходните години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Инфлацијата се намали за 2,3 отсто,…
Инфлацијата се намали за 2,3 отсто, продолжуваме…
Мицкоски: Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти…
Инфлацијата во Македонија во јули годинава изнесува…
Најбрзорастечките економии во Европа во вториот квартал…
Економијата на еврозоната оствари подобри од очекуваните…
Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан…
(Видео) Трамп: Ја сакам инфлацијата
Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил „Јa сакам…