Пронајдено и казнето лицето кое фрлаше вреќи ѓубре во Радика
Општина Дебар информира дека лицето кое фрлаше ѓубре во реката Радика е пронајдено и санкционирано. По јавно објавената снимка од загадувањето на Радика на терен излегле екипи од општинскиот инспекторат со други надлежни институции.
– Ова не е само една санкција, туку претставува почеток на нов и поодлучен пристап. Секое лице кое ја загадува реката Радика, јавните површини или кој било друг дел од животната средина ќе се соочи со мерките и санкциите предвидени со закон. Реката Радика и јавните површини не се места за фрлање отпад. Заштитата на природата и одржувањето на чистотата на Дебар е одговорност на сите нас, соопштија од oпштината.
Од таму нагласуваат дека ќе продолжат со контроли и конкретни активности за почист Дебар.
За потсетување, спортското риболовно друштво „Трофта“ на социјалните мрежи објави видео снимка на која се гледа како маж со возило застанува на мост на реката Радика и фрла вреќи ѓубре и кутии во една од најчистите реки во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Task Force удри по нарко-трговијата: 20 лица…
Дваесет лица, меѓу кои и двајца странски…
Нова градинка во Теарце: 10 занимални и…
Во Општина Теарце денеска беше отворена детската…
Сиљановска-Давкова со претставнички на „До бебе по…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…
Мистер Бин се враќа: Роуан Аткинсон повторно…
Британскиот актер и комичар Роуан Аткинсон ќе…
Де Ниро распали по Трамп: „Тргнете ги…
Холивудската легенда Роберт де Ниро повторно жестоко…