Прославен украински кошаркар и тренер загина во руски напад со ракети!

t

Поранешниот украински кошаркарски репрезентативец, Виктор Кобзисти, загина во денешниот масовен руски ракетен напад врз украинскиот град Лвов, потврди шефот на спортскиот оддел на Градскиот совет на овој град, Антон Никулин.

Тој играше за екипите на Азовмаш, Будивелник, Днепар, а со Украина настапи на Европското првенство во 2001 и 2005 година. Поради тоа му беше доделена титулата меѓународен мајстор на спортот.

По завршувањето на играчката кариера, Кобзисти беше претседател на КК Кремин, а работеше и како директор на детско-младинско спортско училиште. Како тренер, тој беше вклучен не само во развојот на кошарката, туку и во други спортови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русија го остави Киев без струја,…

Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…

Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…

Имаше 69 години, а веста за неговата…

(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…

Пожар избувна во висока станбена зграда во…

Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…

ЗНАМ не отстапува од својот став околу…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…