Објавено на:

(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа најмалку 14 луѓе

t

Пожар избувна во висока станбена зграда во Таијуан, главен град на кинеската северна провинција Шанси, при што загинаа најмалку 14 лица, објави утрово официјалната новинска агенција „Синхуа“, пренесува Ројтерс.

Државните медиуми, повикувајќи се на надлежните органи, соопштија дека 25 лица сè уште се во болница, од кои девет се со сериозни повреди. Пожарот избувнал синоќа во зграда лоцирана на прометна главна улица во центарот на градот.

На видеоснимките што кружат на интернет, а се потврдени од „Ројтерс“, се гледа како чад се издига над 40-катната зграда, додека пожарникарите, позиционирани на кранови однадвор, се борат да го изгаснат пламенот што се шири од внатрешноста на објектот.

Пожарот бил изгаснат по околу два часа, а надлежните изјавија дека спасувачките операции завршиле до 20:30 часот, при што 38 лица биле пренесени во болница.

Надлежните органи ја истражуваат причината за пожарот во овој северен индустриски центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…

Пожар избувна во висока станбена зграда во…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…

Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…

Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…

Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…

Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…