ПСЖ се вклучи во трката за Дибала
ПСЖ им се приклучи на Челси и Манчестер јунајтед во трката по Пауло Дибала кој има откупна клаузула од само 12 милиони евра.
Според „Мундо Депортиво“, ПСЖ е последниот тим кој пројави интерес за Пауло Дибала. Неговата откупна клаузула од само 12 милиони евра го прави интересен за повеќе големи клубови.
Откупната клаузула на Дибала трае уште овој месец, па заинтересираните клубови ќе мора да побрзаат за да го убедат Аргентинецот да потпише за нив.
Во меѓувреме, Рома се обидува да потпише нов договор со Дибала во кој ќе има значително поголема плата, но ќе биде и избришната откупната клаузула.
Дибала е главниот играч на Жозе Мурињо, Португалецот побара од раководството да го задржат по секоја цена.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…