Уапсен таткото на малолетникот кој пукаше во средно училиште во Крагуевац, немал дозвола за оружјето
Српската полиција соопшти дека е уапсен таткото на 17-годишниот ученик во Првата техничка школа во Крагуевац, кој утрово пукаше во училиштето и рани една жена. Таткото е уапсен поради сомнение за нелегално поседување оружје.
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Крагуевац, во соработка со Вишото јавно обвинителство во градот, го уапсиле С. М. (49), поради сомнение дека сторил кривично дело незаконско поседување и носење огнено оружје, муниција и експлозивни материјали.
Тој е осомничен дека поседувал нелегално оружје, кое, според сомнежите, утрово го употребил неговиот 17-годишен син во Првата техничка школа во Крагуевац. Малолетникот е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело обид за тешко убиство, соопшти полицијата.
Утрово околу 8 часот во Полициската управа во Крагуевац било пријавено дека непознато лице со пушка влегло во Првата техничка школа во градот. Веднаш по пријавата биле известени сите расположливи полициски патроли.
На местото на настанот прва пристигнала патрола на интервентната единица, која во соработка со училишниот полицаец го лоцирала 17-годишниот осомничен, го совладала и го уапсила во рок од шест минути од првичната пријава. При апсењето било пронајдено и оружјето.
Според сомнежите, 17-годишниот ученик во четврта година во училиштето донел малокалибарска пушка за која неговиот татко немал дозвола за поседување, а потоа испукал еден проектил во правец на портирницата. Проектилот го пробил стаклото и ја повредил 50-годишната работничка во пределот на ногата. Друга работничка, исто така, се здобила со повреда на ногата од парчиња стакло, соопшти српското МВР.
Инцидентот се случил за време на наставата, па во ходникот и во училишниот двор немало ученици. По настанот, сите ученици биле безбедно евакуирани, наведува полицијата.
На таткото ќе му биде одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде приведен пред надлежното обвинителство. 17-годишникот, по сослушувањето, ќе биде спроведен пред судија за малолетници при Вишиот суд во Крагуевац.
Полициските службеници, во соработка со надлежното обвинителство, ги утврдуваат сите околности на настанот. Во тек се претреси на објекти и собирање докази.
Од полицијата посочуваат и дека во претходниот период Полициската управа во Крагуевац не добила пријава ниту известување што би можело да се поврзе со овој инцидент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен таткото на малолетникот кој пукаше во…
Српската полиција соопшти дека е уапсен таткото…
Уапсен 17-годишниот ученик кој пукаше во две…
Нови детали пристигнуваат по утринскиот вооружен инцидент…
ПУКАЊЕ ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО КРАГУЕВАЦ!
Во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, ученик…
Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин,…
Жител на скопското село Шишево е приведен…
Приведен 73-годишник од скопско, со пиштол пукал…
На 16.05.2026 во 23:30 часот, полициски службеници…