Путин на седница на Советот за безбедност на Русија: Треба да одлучиме што ќе правиме со Донбас

Претседателот Владимир Путин изјави дека е неопходно да се одлучи што понатаму по прашањето за Донбас, почнувајќи од ситуацијата на теренот.
Како што рече, Русија на почетокот правела се за на мирен начин да ги израмни противречностите меѓу Киев и Донбас. Текот на настаните покажува дека актуелните власти во Украина немаат намера да ги спроведат договорите од Минск, додаде тој.
„Сегашните власти во Киев немаат намера да ги спроведат договорите од Минск. Згора на тоа, тие неколкупати јавно го соопштија тоа и на највисоко државно ниво и на ниво на министри за надворешни работи, Советот за безбедност“, рече Путин на седницата на Советот за безбедност.
Најважните детали што ги изнесе рускиот лидер на почетокот на седницата:
▪️Пучот во Украина беше неуставен и крвав и дел од населението не го прифаќа
▪️Русија првично направи се за мирно да ги реши противречностите во Донбас
▪️Киевските власти двапати извршија воени операции во Донбас, сега тоа се случува по трет пат
▪️Киевските власти нема да ги спроведат договорите од Минск, тоа го изјавија неколку пати
▪️Целта на денешниот состанок на Советот за безбедност е да се утврдат чекорите во Донбас, имајќи ја предвид желбата на ДНР и ЛНР и барањето да се признае нивниот суверенитет
▪️Прашањата за признавање на ДНР и ЛНР се тесно поврзани со прашањата на глобалната безбедност во светот, а особено во Европа
▪️Ако Украина влезе во НАТО, заканите за Русија ќе се зголемат повеќекратно
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Европа го раѓаат првото дете…
Жените во Европа, во просек, своето прво…
Мртов маж пронајден на пруга во Хиподром
Мртво машко лица вчера попладне било пронајдено…
Уште една тужба од денешните пратенички прашања:…
Министерката за одбрана на Република Македонија, Славјанка…
Белорусија одлучила да го прифати руското нуклеарно…
Белорусија денеска одговори дека одлучила да го…
Вучиќ ѝ се заблагодари на Грција за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека…