Радев заклучил дека Бугарската армија не ја бива па сега сака да се вооружува: Кого ќе заплашува?

t

Бугарската армија нема оружје, опрема или луѓе да одговори на ризиците кои произлегуваат од украинската криза, конфликтите на Блискиот Исток и Азија, меѓународниот тероризам и мигрантските текови, се вели во заклучокот донесен на состанокот на Совето за националната безбедност на Бугарија.

Советот го собира претседателот и вклучува шефови на безбедносни служби, армија, министри, парламентарни партии. Тој има улога во обликувањето на политиките на земјата. Овој состанок беше свикан за да се развие заеднички став за кризата во Украина и да се зголеми присуството на силите на НАТО во регионот. Но, засега, ставот на владата е дека Бугарија ќе прифати сојузнички трупи, но во заеднички баталјон под бугарска команда.


Има помалку од 30.000 припадници на бугарската армија, а нејзиниот ‘рбет продолжува да биде оружје испорачано пред да се распадне СССР.

Советодавниот совет ѝ даде на владата 12 месеци да развие и обезбеди инвестициска програма за вооружените сили на земјата во следната деценија.

Главните воени проекти на Бугарија се купување на осум нови воени ловци „Ф-16“ од САД, кои нема да бидат испорачани до 2025 година. Се очекува Бугарија да нарача уште осум ловци од истиот тип, но земјата исто така треба да купи оклопни пешадиски возила и да ја обнови нејзината флота.

Во 2023 година, буџетот за одбрана ќе биде 2% од бруто домашниот производ на земјата – околу 1,5 милијарди евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално: Финска и Шведска одредија датум за…

МНР на Финска: Потпишано барањето за влез…

Утврдена делегацијата за стратешки дијалог со САД:…

Владата на Република Македонија на денешната 45-та…

Хаос во Приштина: Дојава за бомба во…

Дојави за бомба во зградата на Ректоратот…

Русија, Србија, Грција, Бугарија со различни желби:…

Твитерџијата "Демир" ги објави желбите и ставовите…

Слично на членот 5 во НАТО: ЕУ…

Шефот на ЕУ дипломатијата потврди дека доколку…