Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на среќа во Бугарија, градовите личат на Лас Вегас
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри на среќа. Не сакаме игрите на среќа постојано да бидат пред очите на граѓаните, ниту пак сакаме рекламите да допираат до младите и децата. Светлата на фасадите на казината и салите за игри на среќа се толку силни и привлечни што нашите градови и села почнаа да личат на Лас Вегас; затоа, ги забрануваме и нив“, изјави премиерот на Бугарија, Румен Радев на почетокот на седницата на владата, како што пренесе БГНЕС.
„Воведуваме нова филозофија за тоа како државата го оданочува работењето на казината и салите за игри на среќа. Оданочувањето ќе се заснова на финансиските резултати од овие активности, а ќе се спроведуваат строги контроли за да се спречат какви било обиди за перење пари или затајување данок“, додаде Радев.
„Воведуваме задолжително поврзување на целата опрема за игри на среќа со Националната агенција за приходи во реално време. Исто така, го зголемуваме данокот за онлајн игри на среќа.“
„Бараме сите странски оператори што сакаат лиценца за работа во Бугарија да ги регистрираат своите деловни активности во земјата. Секој што работи на бугарскиот пазар и остварува профит од него, мора да пријавува и да плаќа данок овде“, нагласи Радев.
„Воведуваме измени во Кривичниот законик со кои царинските прекршоци се третираат како кривични дела; претходно, тие се сметаа само за административни прекршоци, бидејќи со години немаше политичка волја за промена на оваа состојба. Тоа е така бидејќи мерките што ги предлагаме удираат силно врз еден од најпрофитабилните сектори на организираниот криминал. Ги заоструваме царинските контроли, а шверцот се преквалификува во тешко кривично дело.“
Законот ќе важи не само за шверцерите и обичните цариници, туку и за царинските службеници кои свесно замижуваат пред таквите прекршоци. Секоја информација со која намерно се манипулира за да се пренасочат ресурси од европските и националните фондови ќе се третира како кривично дело, додаде Радев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…
Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…
Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…
Бугарија дава по 50 евра помош за…
Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…