„Ракот на татко ми се проширил, тажно е да се гледа“, вели синот на Бајден
Поранешниот американски претседател Џо Бајден се наоѓа во тешка состојба откако ракот на простата се проширил на други делови од телото и му предизвикува болка, изјави неговиот син Хантер. Тој ја опиша состојбата на татко му како многу тажна за гледање.
„Ракот се проширил, метастазирал на неговите коски и подалеку. Многу е болен и сето тоа е многу исцрпувачки“, кажа Хантер Бајден во интервјуто за Би-Би-Си.
Џо Бајден (83) беше најстариот претседател на САД, а неговата возраст беше извор на загриженост во поголемиот дел од неговите четири години на функцијата. Тој и неговите советници во Белата куќа се соочија со силни критики за наводно прикривање на обемот на неговите здравствени проблеми, особено откако беше принуден да ја повлече својата кандидатура за реизбор.
Бајден ја откри својата дијагноза во мај минатата година, помалку од четири месеци откако ја напушти Белата куќа. Хантер Бајден рече дека дознавањето за болеста било тешко за семејството.
„Навистина е тажно да се гледа, но тој не се жали многу. Тој продолжува да зборува јавно за прашањата што му се важни. Тој сè уште си го прави своето имногу верува во оваа земја“, кажа Хантер.
Џо Бајден ќе објави мемоари по меѓуизборите во САД во ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…