Објавено на:

„Ракот на татко ми се проширил, тажно е да се гледа“, вели синот на Бајден

t

Поранешниот американски претседател Џо Бајден се наоѓа во тешка состојба откако ракот на простата се проширил на други делови од телото и му предизвикува болка, изјави неговиот син Хантер. Тој ја опиша состојбата на татко му како многу тажна за гледање.

„Ракот се проширил, метастазирал на неговите коски и подалеку. Многу е болен и сето тоа е многу исцрпувачки“, кажа Хантер Бајден во интервјуто за Би-Би-Си.

Џо Бајден (83) беше најстариот претседател на САД, а неговата возраст беше извор на загриженост во поголемиот дел од неговите четири години на функцијата. Тој и неговите советници во Белата куќа се соочија со силни критики за наводно прикривање на обемот на неговите здравствени проблеми, особено откако беше принуден да ја повлече својата кандидатура за реизбор.

Бајден ја откри својата дијагноза во мај минатата година, помалку од четири месеци откако ја напушти Белата куќа. Хантер Бајден рече дека дознавањето за болеста било тешко за семејството.

„Навистина е тажно да се гледа, но тој не се жали многу. Тој продолжува да зборува јавно за прашањата што му се важни. Тој сè уште си го прави своето имногу верува во оваа земја“, кажа Хантер.

Џо Бајден ќе објави мемоари по меѓуизборите во САД во ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…

„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…

Италија испраќа 500 војници во Милано по…

Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…

Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…

Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…

САД ѝ се заканија на ЕУ со…

Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…

Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…

Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…