Рама ја демантира Владата: Македонија и Црна Гора постојано се соочуваат со хакерски напади

t

Албанскиот премиер Еди Рама кој престојува во Њујорк во рамки на 77. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека целиот регион се соочува со кибер-напади.

-Целиот регион се соочува со напади од ваков карактер, вклучително и Црна Гора и Македонија, рекол Рама на средбата што ја одржал со шефови на држави и влади во Њујорк, клубот Харвард.

Зборувајќи за повеќекратните напади врз Албанија, тој информирал дека дигиталните системи на албанската влада биле нападнати од Исламската Република Иран, што е констатирано по детална експертиза на тимот на Мајкрософт и тимот на специјализирани американски агенции.

-Поради оваа причина дипломатските односи со Иран веднаш ги прекинавме а на персоналот на амбасадата му дадовме рок од 24 часа да ја напушти нашата земја, што и го направи, додал тој.

Премиерот Рама ја повторил цврстата поддршка на Албанија за Украина, а во однос на дискусиите за енергетската криза на глобално ниво, истакнал дека Албанија не зависи од рускиот гас, туку 100 отсто се базира на енергија од хидро извори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Се очекува да ја престигнеме Србија: Македонија…

Македонија е втора земја во регионот според…

(Видео) Серија напади врз руски региони: Горат…

Единиците за противвоздушна одбрана пресретнале 35 украински…

Албанија во топ 10 земји со најголем…

Албанија е меѓу земјите со најбрзо растечка…

Приоритет на НАТО во Албанија: Премин во…

Од Канцеларијата на НАТО во Брисел во…