„Рамбл“ сака да отвори дата центар во Македонија

t

Владата разговара со шест компании за инвестиции во современи дата-центри во Македонија, откри премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА од Вашингтон.

Меѓу заинтересираните е и технолошката компанија „Рамбл“ на Крис Павловски, која, според премиерот, прераснува во сериозна меѓународна групација.

– Разговараме со Крис Павловски и „Рамбл“, а имаме уште пет други компании со кои водиме разговори – изјави Мицкоски.
Премиерот нагласи дека идните дата-центри во Македонија треба да се градат според современи технолошки и еколошки стандарди. Тој уверува дека ќе се применуваат нови системи за ладење, вклучително воздушно и фреонско ладење, како и затворен систем кој не троши големи количества вода.

Развојот на дата-центрите е дел од пошироката владина стратегија за привлекување високотехнолошки инвестиции и за преминување од трудоинтензивна кон индустрија со поголема додадена вредност.

Според Мицкоски, економскиот развој на Македонија треба да се темели на три основни столба – патна и железничка инфраструктура, енергетски капацитети и преносни системи, како и висока технологија, во која спаѓаат дата-центрите и вештачката интелигенција.

Планираниот развој на гасната инфраструктура и производството на електрична енергија треба да обезбедат основа за функционирање на ваквите центри. Тие, пак, би создале можности за развој на индустријата поврзана со вештачката интелигенција.

– На Македонија ѝ е потребна високотехнолошка индустрија со голема додадена вредност, со која ќе се зголемат бруто-домашниот производ и стандардот на граѓаните – порача Мицкоски.
Премиерот оцени дека развојот на дата-центрите е долгорочен процес кој треба да стане национална стратегија, независно од тоа која политичка гарнитура ќе ја предводи Владата. Целта, според него, е Македонија да ги искористи глобалните технолошки промени и да стане дел од брзорастечката индустрија на податоци и вештачка интелигенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Рамбл“ сака да отвори дата центар во…

Владата разговара со шест компании за инвестиции…

(Видео) ПУТИН СО ОСТРА ПОРАКА ДО ЕВРОПА:…

Русија нема агресивни намери кон Европа и…

Фрчковски повторно го повика Лефков на тест…

Продолжува јавната преписка меѓу Јон Фрчковски и…

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди…

Цените на бензинот и дизелот во Европската…

Експлозии над Ријад, гори резервоар со логото…

Силни експлозии одекнаа во Ријад, а голем…