Фрчковски повторно го повика Лефков на тест за дрога, пратеникот му возврати: „Пријави ги тие од кои си набавувал“

t

Продолжува јавната преписка меѓу Јон Фрчковски и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, овојпат околу предизвикот за тестирање за присуство на наркотици. Фрчковски повторно го повика Лефков заедно да направат тест, а пратеникот му возврати со контрапредизвик – да ги пријави лицата од кои, според тврдењето на Лефков, набавувал дрога.

Фрчковски во новата објава наведува дека поминале осум дена откако јавно го повикува Лефков.

„Миле, кога ќе одиме? Поминаа осум дена откако те прозивам. Мислиш дека со недела-две, поминато време, нешто ќе сокриеш. Џабе го трошиш времето. Треба да поминат месеци до години. Те повикав да се тестираме за наркотици, ти кажав дека ќе бидеме фер и за алкохол не правиме муабет“, напиша Фрчковски.

Лефков возврати преку социјалните мрежи, но не одговори директно дали ќе го прифати предизвикот за заедничко тестирање. Наместо тоа, тој му постави свој јавен предизвик на Фрчковски.

„Ако веќе јавно признаваш дека си користел дрога, пријави ги оние од кои си набавувал. Имињата на твоите дилери и право во Единицата за недозволена трговија со дрога и до ОЈО – Јон, тоа е предизвикот!“, напиша Лефков.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во продолжение тврди дека Фрчковски ужива привилегиран третман во однос на други лица кои се поврзуваат со користење наркотици.

„Други луѓе за користење наркотици подлежат на претреси и истраги, а ти под привилегии, без одговорност, па уште од таа брука си правиш политичка реалити-претстава“, напиша Лефков, додавајќи: „Ако зборуваш за борба против дрогата – почни од сопствениот случај“.

Јавната преписка, според последните објави, така продолжува со два различни предизвици – Фрчковски бара двајцата да се тестираат за наркотици, додека Лефков бара тој да ги открие и пријави лицата од кои наводно набавувал дрога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Торнадо пустошеше низ Сицилија: Автомобили летале од…

Силно торнадо денеска го погоди западниот дел…

(Видео) Санкционирани возачите што се движеа со…

Полицијата ги идентификувала и ќе ги санкционира…

Ердоган од Истанбул: Газа е претворена во…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остри…

Сиљановска-Давкова со претседателката на турската Црвена полумесечина:…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Фатма…

Марк Маркес против новиот Мото ГП формат:…

Мото ГП од 2027 година воведува нов…