Регулаторна потврди – од први декември парното поскапува за 7, 56 отсто

t

Регулаторна потврди, парното од први декември поскапува за 7, 56 отсто за домаќинствата кои се снабдуваат со греење од компаниите за парно на ЕСМ и ЕСМ Енергетика.

За корисниците пак приклучени на топланата Скопје Север со која сега раководи фирмата Енерџи Еколинг цената се зголемува за 5,84 отсто.

Од РКЕ објансуваат дека со новите одлуки просечната сметка за парно ќе се зголеми за 188 денари или ќе изнесува 2681 денар.

Одлуката следува откако сите компании кои ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во Градот Скопје доставија вонредни барања за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената на топлинска енергија, што беше донесена во јули, а е на сила од 1 август 2026 година.

Во Градот Скопје близу 70.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.

Претходно од ЕСМ соопштија дека ваквите цени се резултат на повисоката цена на гасот, последно компанијата го набави за скоро 90 евра за мегават час, но во меѓувреме ЕСМ повторно купи нови количини од Друштво за производство, промет и услуги ТЕРА ВЕЈ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје, но во документот не е наведена цената, стои само износот на избраната маржа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Регулаторна потврди – од први декември парното…

Регулаторна потврди, парното од први декември поскапува…

Јанев: Полицијата е подготвена за безбедно и…

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…

Две и пол години казна затвор наркодилерот…

Четириесет и едно годишниот Александар Лазаров Цуна…

ХАКЕРИ ГО ПРОБИЈА ЦЕНТРАЛНИОТ СИСТЕМ НА АМЕРИКАНСКОТО…

Хакери успеале да навлезат во Cloud One,…

Стан во Аеродром за млади по 950…

Младите брачни парови би можеле да купуваат…