Јанев: Полицијата е подготвена за безбедно и мирно одбележување на Денот на албанското знаме

t

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска одржа работен состанок со раководителите на организациските единици во БЈБ, СВР Скопје, СВР Куманово и СВР Тетово, на кој беа разгледани досегашните сознанија, преземените активности и планираните мерки во пресрет и за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме.

Надлежните организациски единици имаат изготвено соодветни планови и преземаат мерки за празничното одбележување на повеќе локации низ државата да помине во мирна, безбедна и достоинствена атмосфера.

„Полицијата е во служба на сите граѓани и наша обврска е да обезбедиме сигурност, да ги заштитиме нивните права и имотот и да го одржуваме јавниот ред и мир. Ќе постапуваме професионално, одговорно и непристрасно, со нулта толеранција кон секое незаконско и насилно однесување“, истакна директорот Јанев.

МВР апелира до граѓаните празникот да го одбележат достоинствено, со меѓусебна почит и почитување на законите, придонесувајќи за безбедна атмосфера за сите.

Поврзани теми

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанев: Полицијата е подготвена за безбедно и…

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…

Две и пол години казна затвор наркодилерот…

Четириесет и едно годишниот Александар Лазаров Цуна…

ХАКЕРИ ГО ПРОБИЈА ЦЕНТРАЛНИОТ СИСТЕМ НА АМЕРИКАНСКОТО…

Хакери успеале да навлезат во Cloud One,…

Стан во Аеродром за млади по 950…

Младите брачни парови би можеле да купуваат…

ОЈО со детали за убиството кај Смилковско…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…