Реновирано одделението за литература за деца во градската библиотека „Браќа Миладиновци“
Одделението е модерно уредено со елементи, книги и содржини кои ќе ја поттикнат детската желба за читање и креација, а е наменето за читатели од предучилишна и училишна возраст, односно за деца до 14 години. Ова е воедно реализација на уште еден проект од програмата За модерно Скопје.
Одделението е модерно уредено со елементи, книги и содржини кои ќе ја поттикнат детската желба за читање и креација, а е наменето за читатели од предучилишна и училишна возраст, односно за деца до 14 години. Ова е воедно реализација на уште еден проект од програмата За модерно Скопје.
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска заедно со директорката на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, Снежана Стојчевска го отворија реновираното Одделение за литература за деца. Одделението е модерно уредено со елементи, книги и содржини кои ќе ја поттикнат детската желба за читање и креација, а е наменето за читатели од предучилишна и училишна возраст, односно за деца до 14 години. Ова е воедно реализација на уште еден проект од програмата За модерно Скопје.
Библиотекатата „Браќа Миладиновци“ е основана пред 78 години и голема радост за сите присутни е што денес го отвораме ова реновирано одделение за литература за деца, со што ја потврдуваме нашата грижа за најмладите кои се иднината на Македонија. Оваа библиотека цели 78 години вложува во развојот на библиотекарството, работи на тоа да ја направи книгата достапна до сите читатели уште од најмала возраст и нема ништо поубаво од тоа кога тука ги гледаме искрените детски насмевки– истакна градоначалничката Арсовска.
Библиотеката за следната година предвидува отворање на катче со специјални изданија на Брајово писмо за слепи и слабовидни, како и изданија прилагодени за деца и лица со дислексија. Одделот за литература за деца во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје располага со книжен фонд од над 20.000 книги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сè повеќе мажи во Германија немаат деца
Сè поголем број мажи во Германија немаат…
19 годишно момче загина во сообраќајка во…
Попладнево во скопската населба Радишани се случила…
10 години од поплавите во Скопје во…
Скопје денеска одбележува десет години од невремето…
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…
Слаб земјотрес вечерва во Скопје
Слаб земјотрес со јачина од 2,5 степени…