Родина со поддршка за иницијативата: Македонците од 3 февруари ќе го чуваат гробот на Гоце Делчев!

t

СТАНЕТЕ БРАЌА, НЀ ПРЕДАДОА! Со овие зборови им се обратил домаќинот Митре на комитите од гоцевата чета, во мугрите пред самото погибие на војводата…

…Сто и дваесет години подоцна во „слободна” и „независна” Македонија, одново нѐ предаваат и продаваат неразбраните безскрупулозни трговци од „нашата влада” и „нашата држава”.

Предавството е сѐ посилно и сѐ поприсутно од година в година. Слободно се веат знамиња на туѓи држави и организации, се искажуваат територијални претензии и закани за окупација сред Скопје, а се поведуваат прекршочни и кривични пријави за употреба на националното и семакедонско знаме – шеснаесетзрачното сонце од страна на родољуби. И сето тоа поминува незабележано!

Провокациите одат дотаму што официјални преставници на соседни држави, евро пратеници од центарот на Скопје ни порачуваат дека ова е бугарска земја и дека ќе остане без рака секој кој ќе дигне рака на некој од бугарските провокатори…

Затоа,
СТАНЕТЕ БРАЌА, ПОВТОРНО НЀ ПРЕДАДОА!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА го подржува и се придружува на повикот за бдение на гробот на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев на 3.2.2023 год пред црквата Св.Спас и ги повикува своите членови, симпатизери и сите освестени Македонци на вечерно бдение и утринско положување цвеќе на гробот на апостолот на слободата.

Гоце е еден од најголемите македонски синови и нема да дозволиме да биде предмет на изживување и присила, ниту пак паричка за поткусурување за дневно политички теми од секундарен интерес за нас, Македонците.

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Соопштение на политичка партија родина!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…