Објавено на:

Русија откри каде ги “смести” заробените Азовци од Мариупол

t

Главните бранители од челичарницата Азовстал кои војуваа во градот Мариупол во Украина се префрлени во Русија. Командантите се задржани во затворот Лефортово во Москва.  Можно е да има повеќе од 100 борци приведени во затворот со максимална безбедност во Москва, меѓу кои и „странски платеници“ кои се предале во челичарницата Азовстал.

Синоќа ТАСС, повикувајќи се на анонимен извор од руската полиција, објави дека во Русија се префрлени Свјатослав Паламар, заменик командант на баталјонот Азов и Серхиј Волински, командант на 36-та поморска бригада на украинските вооружени сили.

Ројтерс не можеше да ја потврди вистинитоста на наводите, ниту пак веднаш имаше реакција од Киев. Судбината на стотиците борци заробени е неизвесна. Украина претходно кажа дека тие им се потребни живи и се надеваа дека ќе бидат разменети. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Илинденска“ Скопје via Москва: Директни пипци од…

Ќерката на вицепремиер во земја членка на…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…

(Фото) Ова е хеликоптерот што Србија ни…

Припадниците на хеликоптерската единица и Министерството за…

Венс: Ако победи Трамп ќе преговара со…

Доколку Доналд Трамп победи на изборите, ќе…

Кремљ ги засили мерките за безбедност на…

Безбедноста на претседателот на Русија, Владимир Путин,…