Русија откри каде ги “смести” заробените Азовци од Мариупол
Главните бранители од челичарницата Азовстал кои војуваа во градот Мариупол во Украина се префрлени во Русија. Командантите се задржани во затворот Лефортово во Москва. Можно е да има повеќе од 100 борци приведени во затворот со максимална безбедност во Москва, меѓу кои и „странски платеници“ кои се предале во челичарницата Азовстал.
Синоќа ТАСС, повикувајќи се на анонимен извор од руската полиција, објави дека во Русија се префрлени Свјатослав Паламар, заменик командант на баталјонот Азов и Серхиј Волински, командант на 36-та поморска бригада на украинските вооружени сили.
Ројтерс не можеше да ја потврди вистинитоста на наводите, ниту пак веднаш имаше реакција од Киев. Судбината на стотиците борци заробени е неизвесна. Украина претходно кажа дека тие им се потребни живи и се надеваа дека ќе бидат разменети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…