Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја по големите поплави
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дека ќе го поддржи по поплавите што ја погодија Северна Кореја во јули, соопшти Кремљ.
Ја споделуваме болката и тагата на пријателскиот народ на Демократска Народна Република Кореја. Секогаш можете да сметате на нашата помош и нашата поддршка , наведе Путин во пораката со сочувство до Ким Џонг Ун.
Северна Кореја минатиот месец регистрираше рекордни врнежи од дожд, кога на југозападниот дел од земјата, во градот Каесонг, наврнаа 463 милиметри дожд на метар квадратен за само еден ден. Јужнокорејскиот метеолошки центар наведе дека тоа е највисокото ниво на врнежи забележано во земјата во последните 29 години.
Москва и Пјонгјанг се сојузници од крајот на Корејската војна (1950-1953), но уште повеќе се зближија од почетокот на руската воена операција во Украина во февруари 2022 година. На крајот на јуни Путин во Пјонгјанг беше пречекан со голема помпа од Ким Џонг Ун, а самитот заврши со потпишување договор за меѓусебна одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Македонската амбасада во Киев погодена во руски…
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…
Путин: Подготвен сум на компромис со Трамп…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека…