Рускиот заменик МНР: Приштина се движи кон ескалација со поддршка на САД и ЕУ
Властите на Косово се движат кон ескалација, западните земји треба да извршат притисок врз Приштина и да ја принудат да се откаже од своите милитантни планови и да ги исполни своите обврски, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко за Спутник.
„Со голема загриженост го следиме развојот на ситуацијата во и околу Косово. Гледаме дека косовските „власти“ водат политика на ескалација и очигледно е дека се потпираат на поддршката, отворена и скриена, од нивните покровители, пред се од Европската Унија и Вашингтон“, рече Грушко.
Според неговите зборови, „сите кои влијаат на политиката на однесувањето на Косово треба да извршат притисок врз него во насока на изнаоѓање политичко решение“.
Ситуацијата на северот на Косово сега е стабилна и без тензии откако Косово ослободи двајца Срби кои беа во притвор, а Србите ги остстранија барикадите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уредникот на Информер ќе биде задржан поради…
Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник…
Бомба фрлена врз куќата на директор на…
Рано утринава експлозивна направа била фрлена врз…
Вукелиќ тврди дека уредникот на Информер бил…
Заменик-главниот уредник на „Информер“, Дејан Вукелиќ, се…
Уапсен главниот уредник на ТВ „Информер“, Драган…
Во Белград денеска е уапсен главниот и…
„Македонија е и секогаш ќе биде дом…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски имаше средба…