Руското Министерство за одбрана со апел до борците на Вагнер: Не дозволувајте да ве манипулира криминалец
Министерството за одбрана им се обрати на борците на Вагнер, велејќи дека биле измамени во криминалната авантура на Евгениј Пригожин.
„Апелираме до борците на јуришните одреди на Вагнер. Бевте измамени во криминалната авантура на Пригожин и учеството во вооружен бунт. Многу од вашите другари од неколку одреди веќе ја сфатија својата грешка во барањето помош за да се обезбеди можност безбедно да се вратат во местата на постојано распоредување. Ваква помош од наша страна веќе им е укажана на сите борци и команданти кои се пријавиле“, соопштија од воениот оддел.
Борците на Вагнер беа повикани да покажат претпазливост и да стапат во контакт со претставници на Министерството за одбрана или агенциите за спроведување на законот што е можно поскоро.
Ние гарантираме безбедност на сите“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…