Руте: Војната во Украина може да трае подолго од очекуваното, но Западот треба да продолжи со поддршката за Киев
Холандскиот премиер, Марк Руте, за време на посетата на Киев, изјави дека војната во Украина може да трае долго, но дека Западот треба да продолжи да ја поддржува земјата на сите можни начини.
Оваа војна може да трае подолго отколку што очекувавме и се надевавме. Но, тоа не значи дека ќе останеме со скрстени раце и ќе гледаме од страна како се одвива ситуацијата. Мораме да останеме фокусирани и да продолжиме со нашата поддршка на секој начин – изјави Руте на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Холандскиот премиер најави и испорака на нови артилериски системи со долг дострел, како и финансиска помош за Украина во износ од 200 милиони евра.
Ова е прва посета на Руте од почетокот на војната во Украина на 24 февруари.
По средбата со холандскиот премиер, Зеленски на Телеграм ги поздрави „конструктивните“ разговори што ги имал со Руте и се заблагодари на Холандија, за која напиша дека е „дел од првите топ 10 пријатели на земјата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за Канаѓанецот кој се обиде нелегално…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.А.С.(37)…
Муцунски во Украина: Границите не можат да…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Заврши санацијата на мостот пред Драчево, од…
Јавното претпријатие за државни патишта ги известува…
Руски дрон пронајден покрај финскиот брег, започната…
Финската гранична стража соопшти дека на јужниот…
Марта Кос ја откажа посетата на Србија…
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, објави дека…