Тројца јужнокорејски војници повредени во експлозија во демилитаризираната зона
Тројца јужнокорејски војници се повредени денеска во експлозија во западниот дел на демилитаризираната зона меѓу Јужна и Северна Кореја, соопшти Здружениот штаб на јужнокорејската армија.
Инцидентот се случил за време на редовни оперативни активности на терен. Двајца војници итно биле пренесени со хеликоптер во болница, додека за третиот е организиран копнен транспорт до најблиската локација од каде што ќе биде евакуиран со хеликоптер. Од јужнокорејската армија не се соопштени детали за тежината на нивните повреди.
Според извештаите на јужнокорејските медиуми, експлозијата најверојатно била предизвикана од мина.
Експлозијата се случила јужно од воената демаркациска линија, во самата демилитаризирана зона. Строго чуваната граница ги раздвојува двете Кореи од завршувањето на Корејската војна во 1953 година што заврши со примирје, но за која нема формален мировен договор.
Мините и другите експлозивни направи претставуваат постојана закана во зоната и нејзината околина, најмногу за војниците од двете страни на границата.
Севернокорејските сили во март годинава ги засилиле активностите за утврдување на подрачјето долж границата, со поставување нови мини и огради.
Јужнокорејскиот пратеник, Ју Јонг-вон, претходно овој месец предупреди дека севернокорејските сили на шест локации во западниот дел на демилитаризираната зона поставиле мини и огради 10 до 15 метри надвор од утврдената демаркациска линија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…
„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…
Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…
СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…
Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…