Објавено на:

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен да ја зголемат поддршката во војната против Русија

t

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен да ја зголемат поддршката за земјата во нејзината борба против Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на видеоконференцијата на министрите за одбрана на земјите што ја поддржуваат Украина.

– Земјите мора да копаат подлабоко, ние немаме избор. Нашата колективна поддршка ќе ѝ овозможи на Украина да ги искористи можностите што сега ги создава на сите фронтови и да се брани од воздушните закани – истакна Руте.

Претходно денеска некои агенции јавија дека повеќе европски земји планираат да купат американски ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ и да ѝ ги предадат на Украина, за да се зајакне украинската одбрана од руските напади во претстојните зимски месеци.

Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус, денеска најави дека Германија ќе ѝ испорача на Украина ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ од своите државни резерви.

Велика Британија најави дека ќе донира 100 милиони фунти во програмата PURL, но не беше прецизирано колку од тоа ќе биде издвоено за ракетите „Патриот“.

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска претходно изјави дека Украина ќе може да набави клучни компоненти за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ преку следната исплата од 3,2 милијарди евра од заемот на ЕУ за поддршка на земјата.

– Заедно со генералниот секретар на НАТО, Руте, ја поздравувам одлуката на државите членки да ѝ овозможат на Украина исклучок кој ќе ѝ дозволи да купува клучни компоненти за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ – се наведува во нејзината изјава.

Заемот на ЕУ за поддршка на Украина е во вкупна вредност од 90 милијарди евра за 2026 и 2027 година, од кои околу 60 милијарди евра се предвидени за воени потреби, а 30 милијарди за буџетска поддршка. Според правилата на механизмот, средствата за одбрана во принцип мора да се користат за набавки од украинската и европската одбранбена индустрија, при што за итни потреби може да се дозволат исклучоци.

Таквиот исклучок е неопходен за американските системи „Патриот“, кои се меѓу главните средства на Украина за заштита од руски ракети и авиони; според податоците на НАТО, во последната година околу 75 проценти од ракетите за „Патриот“ доставени во Украина се обезбедени преку иницијативата PURL за купување американско вооружување со финансирање од сојузниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…