„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на Киев да набавува оружје
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да купува оружје, муниција и воена опрема преку својата Агенција за поддршка и набавки, пишуваат британските медиуми, истакнувајќи дека тоа би можело да му овозможи на Киев побрзо да набавува по пониски цени.
Директорката на Агенцијата за поддршка и набавки, Жаклин Борсбум, изјави дека агенцијата на Украина ќе ѝ обезбеди структуриран систем за набавка на стоки и пристап до индустриската база.
Минатата недела агенцијата организираше собир во Киев за 150 украински компании, на кој беше објаснета постапката за регистрација на производителите што сакаат да учествуваат во договорите.
Русија во повеќе наврати изјавуваше дека продолжувањето на финансирањето на Киев и испораките на западно оружје го продолжуваат конфликтот и го отежнуваат барањето дипломатско решение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…
Сиљановска Давкова на средба со командантот на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во седиштето на Врховната…
Зеленски: Киев се противи на ублажувањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го предупреди американскиот…
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…