Објавено на:

САД воведоа санкции врз либански функционери обвинети за поддршка на „Хезболах“

t

Владата на САД денес воведе економски санкции врз либански функционери обвинети за попречување на мировниот процес во Либан и одложување на разоружувањето на проиранското движење „Хезболах“, објавија денес американските медиуми.

Меѓу нив се Сулејман Франџие(Франжије), кој ја доби поддршката од Хезболах на последните претседателски избори во Либан, и Махмуд Хамати, потпретседател на политичкото биро на шиитското движење.

Овие функционери го искористија своето влијание за да го попречат мировниот процес во Либан и да го одложат разоружувањето на „Хезболах“, соопшти Министерството за финансии на САД.

Франџие, поранешен министер и пратеник, е христијански политичар кој ја предводи партијата „Марада“. Тој е долгогодишен сојузник на „Хезболах“, а е познат и по своите блиски лични врски со поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, кој беше поддржан од „Хезболах“.

Според либанскиот систем за поделба на власта, претседателската функција е резервирана за христијанин. Хезболах ја поддржа кандидатурата на Франџие, која тој на крајот ја повлече на почетокот на 2025 година, кратко пред изборот на Џозеф Аун.

По војната со Израел во 2023-2024 година, Махмуд Хамати стана еден од водечките политички портпароли на Хезболах. Тој беше и министер, пренесе „Бета“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД воведоа санкции врз либански функционери обвинети…

Владата на САД денес воведе економски санкции…

Србин остана без своето „Порше“ – Летал…

Денеска во 18:20 часот, на автопатот Куманово–Скопје,…

ВЛЕН: Скандалозно, ДУИ не ги поддржа измените…

ВЛЕН обвини дека пратениците на ДУИ не…

„Трамп го склучи договорот од очај“, вели…

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи призна…

Се огласи бугарска амбасада во Скопје: Да…

Амбасадата на Бугарија во Скопје се огласи…