Се огласи бугарска амбасада во Скопје: Да не се блокираат границите, а бугарските организации во Македонија да не се означуваат како антимакедонски
Амбасадата на Бугарија во Скопје се огласи за најавената блокада на трите гранични премини со Македонија од бугарската фондација „Македонија“, барајќи бугарски организации да не се означуваат како антимакедонски.
„Им обрнуваме внимание на одредени медиуми и јавни личности во Северна Македонија дека е неодржливо и непродуктивно да се дефинираат бугарски организации како ‘антимакедонски’ поради различните проценки и ставови за состојбата на билатералните односи и политиката на властите во Скопјe. Плурализмот е карактеристична црта на демократијата и неговата манифестација не е насочена ‘против’ никого, туку има за цел да отвори меѓуопштествен дијалог како предуслов за градење слични наративи и разбирање“, се вели во реакцијата на Амбасадата, која „моли“ и да не бидат блокирани патиштата меѓу двете земји.
„Го поддржуваме правото на мирен граѓански протест како фундаментално право во секое вистински демократско општество. Во исто време, категорично бараме да не се предизвикуваат блокади на граничните премини или патиштата меѓу Бугарија и Северна Македонија“, повикува Амбасадата.
„Интересот на нашата земја бара од нас да бидеме отворени кон нашите југозападни соседи, да ги предизвикаме да се запознаат со модерната бугарска култура, да ги поттикнеме контактите меѓу долго разделените семејства, да ја продлабочиме економската соработка и трговијата. Ова е најдобриот начин да се спротивставиме на омразата. Само на овој начин ќе ги потсетиме нашите соседи колку сме блиски и кои се придобивките не само од нашата заедничка историја, туку и од нашата заедничка иднина во Обединета Европа. Изразувањето на незадоволството и загриженоста на бугарското општество за она што се случува во Скопјe треба да има конструктивен и европски карактер“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…